Митревски и Порто имаа и „плус седум“, на крајот само реми против Барса

Македонскиот репрезентативен голман доби мала минутажа против Барселона во ЛШ/Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Се комплетираше шестото коло и во групата „Б“, Порто на домашен терен ремизираше 33:33 со Барселона, а Флензбург славеше дома над Мотор Запорожје со 34:27.

Во најголем дел од мечот португалскиот претставник го контролираше резултатот во своја корист, во текот на второто полувреме трипати водеше со седум голови разлика (21:14, 22:15, 23:16), но не ја задржа до крај ваката убедлива позитива.

Во домашната екипа македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски доби мала минутажа и забележа само две одбрани. Кај стрелците во Порто седум голови имаше Хрватот Слишковиќ, а во каталонскиот тим 11 погодоци беа дело на Гомез.

Моментно во генералниот пласман во групата „Б“ Кјелце има 10 бодови, девет Барселона, осум Веспрем, по пет ПСЖ и Порто, по четири Динамо Букурешт и Мотор Запорожје и последен Флензбург со три.

Романскиот Динамо Букурешт претходно приреди сензација совладувајќи го Веспрем, а Елверум беше подобар од Мешков Брест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот