ВИДЕО | Дедо Мраз се бакнува со маж: Љубовната приказна во оваа божиќна реклама ќе ве воодушеви

дедо мраз
Фото: Принтскрин / YouTube

Божиќната реклама на норвешката поштенска служба „Постен“ многумина веќе ја нарекуваат  реклама на годината, а предизвика бројни реакции на социјалните мрежи со тематиката, содржината и симболиката.

Рекламата е направена по повод 50 години декриминализација на хомосексуалноста во Норвешка.

дедо мраз
Фото: Принтскрин / YouTube

Рекламата го прикажува раѓањето на љубовта помеѓу маж по име Хари и Дедо Мраз. Насловот на рекламата е „Кога Хари го запозна Дедо Мраз“, на англиски „When Harry met Santa“ со што се прави алузија на популарниот филм Кога „Хари ја запозна Сали“. Приказната ја следи првата средба, кога еден човек случајно го „фаќа“ Дедо Мраз како му остава подароци, а потоа секоја година нетрпеливо чека повторно да го види.

дедо мраз
Фото: Принтскрин / YouTube

Двојката секоја година се зближува за време на кратки божиќни состаноци и се разделува до следнат. Во еден момент разделбата станува многу сурова и Хари плачејќи по заминувањето на Дедо Мраз пишува: „Ќе ми недостигаш“. Следната година, тој му пишува писмо на Дедо Мраз со порака: „Сè што сакам за Божиќ си ти“ или на англиски „All I Want for Christmas is You“, во нова алузија на божиќниот хит на Мараја Кери.

Целиот текст и видеото проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот