ВИДЕО | Дечко ја тужел поранешната девојка бидејќи го задржала нивното куче по раскинувањето

Фото: Инстаграм/Ерин Конфортини

Паровите мора да донесат многу одлуки по раскинувањето, вкучувајќи го и тоа кој ќе се исели од заедничкиот дом, како ќе им се соопшти веста на најблиските, но и кој ќе го задржи заедничкиот миленик.

Грижата за заедничкото куче е еден од важните проблеми со кој се соочуваат паровите на крајот од врската, а таа ситуација многу наликува на битките за старателство над децата.

Ерин Конфортини (23) работи како финансиско гуру и е популарна со своите содржини на платформата ТикТок, а неодамна преку видео-обраќање на истоимената социјална мрежа откри дека поминала низ вистинска драма откако раскинала со своето момче. Причината била старателството над нивното куче.

Имено, нејзиното момче ја тужело бидејќи го задржала кучето и побарал отштета во износ од 5.000 долари или 4.620 евра.

Во видео-обраќањето, таа раскажува дека живеела со поранешното момче околу една година и дека во тој период чувале златна ретриверка, Бела.

Две недели пред раскинувањето, тие постојано се расправале. Кога момчето ѝ соопштило дека сака да ја прекине врската, на Ерин само ѝ било важно кој ќе го задржи кучето.

Фото: Инстаграм/Ерин Конфортини

„Тој ми рече дека ќе ја земе и дека веќе никогаш нема да ја видам. Бараше од мене да се поздравам со неа, по што се расплакав. Знаеше дека тоа е единствен начин да ме повреди. Не ми го даваше кучето, па повикав полиција. На крајот попушти и ми дозволи да ја задржам тој ден. Полициските службеници не сакаа да се мешаат, па ни рекоа дека сами мораме да се договориме околу тоа кој ќе се грижи за Бела“, раскажа таа во своето видео на ТикТок.

Ерин се надевала на договор за заедничко старателство, но дечкото не се согласил на тоа. Таа, исто така, најмила адвокат кој ѝ помогнал да подготви договор за старателство за Бела, но нејзиниот поранешен дечко не сакал да го потпише. Еден месец подоцна, таа добила известување за тужба од нејзиниот поранешен партнер.

„Му платив за да го сочувам сопствениот мир и да ја задржам Бела, иако отсекогаш бев главната сопственичка на кучето. Ја хранам трипати на ден, ја бањам и ја носам на прошетка. Тој не правеше ништо околу тоа и уште имаше лице да ми побара пари“, заклучи таа.

@itserinconfortini Replying to @courtney kinn ♬ original sound – Erin

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот