ВИДЕО | Дебата: Коридорите 8 и 10Д се од голема важност, но зошто не се целосно автопатски решенија

Мартин Костовски и Љупчо Балковски/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поранешниот министер за транспорт и врски Љупчо Балковски, член на ВМРО-НП во дебата со пратеникот Мартин Костовски од СДСМ во емисијата „Утрински печат“ потенцирајќи ја важноста од градењето на патните коридори 8 и 10-Д и осврна и на фактот што тоа не се потполно автопатски решенија.

-Од исклучителна важност е доаѓањето на еден градежен гигант како конзорциумот „Бехтел и Енка“ не само во градежништвото туку и пошироко. Исто така е важно што Владата што ја има донесено стратегијата во доменот на патната инфраструктура како и транспортот и сообраќајот за да ја реализира. Нашата забелешка е во процесот на донесување и во процесот на градењето на автопатите во Македонија. Исто така сметаме дека кога веќе сме донеле таков градежен гигант требаше да одиме со комплетни Коридори 8 и 10 Д што значи коридорите сега не се потполно автопатски решенија туку само делумно иако коридорот 8 на пример почнува од Крива Паланка, а завршува до Ќафасан. Сега имаме автопатско решение од Тетово до Ќафасан и од Прилеп до Битола, а тоа значи од Куманово до Деве Баир ќе имаме тесно грло, рече Балковски.

Пратеникот Костовски ги нагласи придобивките од овој проект на Владата кој ќе чини околу 1,3 милијарди евра и овозможува патно поврзување со пристаништата Драч и Бургас.

-На овој проект се чекаше премногу долго и не сме имале можност да се радуваме на еден таков проект што е автопатско поврзување на исток и запад и север и југ со децении. За жал поради изолационите политики на претходната Влада или немањето слух за потребите на граѓаните и бизнис заедницата, Коридорот 8 беше само на лист хартија и политички памфлет. Оваа Влада смогна храброст во интерес на рамномерен регионален развој со голем ентузијазам да пристапи кон започнување на овој проект кој ќе овозможи нови 8 илјади работни места, пораст на БДП на годишно ниво од два проценти, потоа се отвораат можности за нови инвестиции во други стопански гранки. Досега го користевме само пристаништето во Солун, а сега и двете други пристаништа Бургас и Драч ќе бидат во функција на бизнисот, рече Костовски.

Целата дебата на Балковски и Костовски погледнете ја во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот