ВИДЕО | Д-р Солески: Индискиот сој забрзано ја заменува алфа-варијантата

Делта-варијантата бргу се прошири низ целиот свет и тоа брзо ширење создаде стравови дека може да ја намали таа трка за зголемување на бројот на имунизиранио население. Оваа варијанта предизвикува загриженост бидејќи е веќе присутна во повеќе од 60 земји, вклучувајќи ја и нашата држава. Според некои, сѐ уште нефинални, студии се покажува дека е повеќе од 40% попренослива од британската варијанта. Во одредени земји каде што е регистриран индискиот сој, тој забрзано ја заменува претходната алфа-варијанта и станува доминатен. Како резултат на тоа, се зголемува бројот на хоспитализирани луѓе зафатени од овој сој, изјави во „Утрински брифинг“ д-р Кирил Солески.

Искуствата од повеќето земји каде што навистина има направено масовна имунизација покажува дека вакцините сѐ уште имаат силна ефикасност. Така, на пример, последната студија од Англија покажува дека вакцините на „Астра-Зенека“ и „Фајзер“ се 33% ефикасни против симптоматска форма на ковид-19 со само една доза или со над 88% покриеност на втората доза, од што произлегува пораката за да бидеме целосно заштитени кај вакцините што се примаат со две дози потребно е да се прими и втората. Затоа е потребно да се забрза процесот на имунизација со цел да се спречи создавањето нови мутации, бидејќи тоа е неизбежно сѐ додека пандемијата не се стави под контрола.

Пристигна голема пратка на „Синовак“. Оваа вакцина ја одобри СЗО што создаде сигнал дека оваа вакцина е безбедна за употреба. Се направи и проверка од страна на ЕМА во мај, врз основа на што се потврди дека оваа вакцина создава имунолошки одговор против ковид-19. Во однос на ефикасноста вакцината покажува покажува дека таа е ефикасна помеѓу 50 и 90%. Значи, се работи за добра вакцина којашто е произведена со метод кој се користи најдолго, односно со ослабен вирус на ковид-19, вели д-р Солески и додава дека нуспојавите од оваа вакцина се многу минимални.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот