ВИДЕО: Црвена звезда со „минус“ од Хаифа, Бенфика поблиску до групите во ЛШ

Црвена звезда ќе брка негатива на реваншот против Макаби Хаифа/Фото: instagram.com/crvenazvezdafk

Макаби Хаифа на домашен терен ја совлада Црвена звезда со 3:2 во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групите на Лигата на шампионите.

Во пресметка полна со пресврти, во првото полувреме најпрвин поведоа Израелците со голот на Пјерот во 18 минута.

Следуваа два погодоци на белградските „црвено-бели“ преку Пешиќ во 27 и интернационалецот од Габон Канга во 40 минута.

Во вториот дел следуваше нов пресврт, Макаби Хаифа најпрвин израмни во 51 минута кога стрелаше Пјерот за негов втор гол на натпреварот, а конечниот епилог го постави Чери во 61 минута.

Реваншот помеѓу Црвена звезда и Макаби Хаифа ќе се игра на 23 август на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, Србија.

Се одиграа уште два меча во средата, Карабах дома ремизираше без голови со Плзен, а Бенфика славеше на гостувањето кај Динамо Киев со 0:2. Португалците триумфираа со головите на Жилберто во деветтата и Рамос во 37 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот