ВИДЕО: Четири жени и едно девојче брутално убиени во Виена

Три Азијки се пронајдени мртви во бордел во виенскиот кварт на црвените семафори. По телата имало смртоносни расекотини и убодни рани. За убиството е уапсен 27-годишен Авганистанец, Ебадула А.

Откако во текот на ноќта биле пронајдени телата на трите жени, изутрината во стан на улицата Ердбергштрасе биле пронајдени и две тела, на 51-годишна жена и нејзината 13-годишна ќерка.

Авганистанецот, кој побарал азил во Австрија во 2022 година, бил лишен од слобода како осомничен. Полицијата го забележала додека се криел во грмушките благодарение на термо камерите. Тој бил агресивен при апсењето, но полицијата лесно го совладала.

Портпаролот на државната полициска управа, Филип Хаслингер, изјави дека осомничениот бил онеспособен со тејзер, соборен и приведен и дека прво бил пренесен во болница за да му се санираат повредите.

Според Хаслингер, мажот имал расекотини кои најверојатно си ги нанел при извршувањето на делото. Тој денеска бил однесен во полиција, каде започнал распитот.

Како што се наведува, убиените имале големи расекотини и убодни рани, па кога лекарите од итната помош пристигнале на местото на настанот било јасно дека лекарската помош пристигнала предоцна. Злосторството се случило во неколку соби, секое тело било пронајдено во различна просторија. Идентитет на жените се’ уште не е откриен.

Авганистанецот веројатно бил последниот посетител на борделот во квартот на црвените семафори бидејќи досега не е утврдено дека има сведоци на злосторството. Се уште не е јасно дали мажот ги користел услугите таму или само влегол и ги нападнал жените со нож.

За маскрот во полицијата пријавил случаен минувач кој забележал трага од крв која се протегала од влезот во локалот до спротивната страна на улицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот