ФОТО+ВИДЕО | Цело шпанско село продадено за мали пари – колку еден поголем стан во Скопје

Фото: Инстаграм

Целото шпанско село Салто де Кастро, кое беше ставено на продажба пред две недели, го купи Оскар Торес од Толедо за 300.000 евра. Односно за 40.000 евра повеќе од бараната цена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NDTV (@ndtv)


Ова напуштено село кое се состои од 44 недвижности, бар, црква, училиште, полициска станица, базен и спортски простор веднаш го привлече интересот на инвеститорите кои понудија 600.000 евра.

– Добивме понуди од Саудиска Арабија, Русија, Бразил, Велика Британија… нѐ контактираа инвеститори од повеќе од 20 земји во светот – изјавил агент од агенцијата која го ставила селото на пазарот.

Сепак, само неколку дена откако беше ставено на продажба, селото беше продадено на сограѓанин, за околу 15 отсто повеќе од бараната цена. Торес, кој има повеќе од 20 години искуство во градежништвото, има поддршка од чилеански инвестициски фонд за проект за рурален туризам планиран за напуштено село.


Салто де Кастро се наоѓа на само три часа од Мадрид, а се продаваше по „симболична“ цена поради иселувањето на населението. Руралното иселување во Шпанија во последниве децении остави околу 3.000 напуштени градови и многу други со сѐ помал број на жители.


За жал, селото треба малку да се среди, бидејќи таму нема никој повеќе од 30 години. Сопственикот го купил со намера да го претвори во туристичка дестинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот