ВИДЕО: Цел меч за Пандев, Интер убедливо против Џенова

Шампионски старт на „нераѕурите“ во Серија А/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во првиот натпревар од новата сезона во Серија А актуелниот шампион Интер на домашен терен со 4:0 триумфираше над Џенова.

За гостите целиот меч на стадионот „Џузепе Меаца“ го одигра македонскиот фудбалер Горан Пандев против својот поранешен клуб.

За миланските „нераѕури“ водство уште во шестата минута донесе Шкринијар. Асистентот на тој погодок Чалханоглу ја зголеми предноста во 14 минута по додавањето на новото засилување Џеко.

Во 74 минута се случи и третиот погодок, Видал се запиша во листата на стрелците, а Чилеанецот асистираше во четвртиот погодок, дело на Босанецот Џеко.

Се одигра уште еден меч од стартната рунда, Сасуоло како гостин славеше кај Верона (2:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот