ВИДЕО: Брзи тестови во Шуто Оризари, невладината „Аваја“ со свој придонес во борбата со ковид-19

Во поликлиниката во Шуто Оризари од следната недела ќе почне со работа пункт каде ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Матичните лекари ќе може да закажуваат термини веќе од понеделник. Тестирањето ќе почне во среда и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена, информираат од Министерството за здравство.

Алберт Мемети од „Аваја“ за Утрински брифинг вели дека како невладина организација ќе помогнат во справувањето со ковид-19 и со набавка на оксиметри дополнително ќе придонесат во борбата со вирусот.

-Во разговори со нашите доктори и општината утврдивме дека главни причини и недостатоци во справувањето со оваа криза се социо-економската состојба на населението. Се договоривме во во период да излеземе во пресрет, односно финасиската пооддршка да се одвива во три фази – декември – јануари – февруари, месеци кои се клучни кога веруваме дека бројот на инфицирани ќе расте. Она што ние го договоривме е поддршка на општината со набавка на оксиметри, и веруваме дека при мерењето на сатурацијата и резултатите од тоа ќе бидат добар показател за алармирање вна болниците, изјави во Утрински брифинг Алберт Мемети од Аваја.

Излегуваме во пресрет и со пакети пакети за храна и дезинфекција за оние семејства кои ќе бидат инфицирани. Она што сакаме да го направиме е да и помогнеме на ромската заедница и во другиоте општини. Алармантно е и во Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар. Со овоспоставувањето на овој центар и со нашата поддршка верувам дека ќе успееме да надминеме дел од овие здравствени последици и ризици, вели Мемети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот