ВИДЕО | Богојевски: ВМРО-ДПМНЕ е управувана од советскиот блок – Мицкоски го храни евроскептицизмот
Слободен печат
Пред
Многу тешко беше да се објасни дека анти ЕУ и анти НАТО состојба во ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде ден кога ќе се мултиплицираат на ниво на целото општество и ќе стане општествен и јавен интерес. Во тој период сите ја перцепираа како внатрепартиска кавга во ВМРО и никој не ја сфаќаше ситуацијата на организирано поттикнување на евроскептицизмот. Многу е битно на прво место да биде интересот на државата, па потоа желбата за власт. Ако желбата за власт ја ставите пред интересот на државата, тогаш буквално ја рушите државноста. Таква е состојбата со Мицкоски. Неговата желба е толку изразена, бидејќи тој на начинот на кој ја перцепира партиската структура, гледа најголема поткрепа токму во проруските структури и желбата да ги поседува луѓето. Тој највеќе ги поседува евроскептиците. Го храни евроскептицизмот и како резултат на тоа расте проруското влијание, поголемо дури и од времето на Груевски, изјави во Утрински брифинг лидерот на Македонски концепт, Петар Богојевски.
„Во овој момент ВМРО-ДПМНЕ ја управува советскиот блок. Тоа се мултиплицираше и на други политички структури. Факторизацијата на Левица се случи исто така на линија на анти ЕУ и НАТО. Популизмот на таа структура се гради исто така на истите емоции, што значи дека вкупната слика на македонската политичка сцена е таква да таму е сериозен процентот на евроскептицизмот и силината на руското влијание“, смета Богојевски.
„Мицкоски шансата да биде било кога премиер во животот ја изгуби пред референдумот, кога не го согледа вистинскиот пат, туку тргна по погрешен правец. Тоа е завршена приказна и тој никогаш нема да победи на избори, ниту пак ќе биде премиер. Она што е клучно е дека остануват неартикулирани огромен дел на проевропски ориентирани опозициски граѓани. И еден дел на граѓани кои ја поддржаа владата на Заев, сега се разочарани бидејќи владата го изгуби европскиот пат, сега пребегнаа кон друго – немаат кој да ги артикулира нивните ставови во опозицијата и тие пребегнаа кон хејтање на државата и сега е добиен оној „државен песимизам“, вели Богојевски.Целиот разговор погледнете го во видеото:
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со проба – се најдовме со еден од новите скопски бендови, „Персеида“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Последните неколку месеци името „Персеида“ сè почесто се споменува меѓу љубителите на еден поразличен вид музика. Иако се оформи пред помалку од една година, …
По скандалот во Гостивар, откако јавноста дозна дека граѓаните 20 дена пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, ги прашавме случајните минувачи од каде пијат вода. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Генерално луѓето што ги анкетиравме велат дека последните години купуваат вода од маркет. – Не се чувствувам …