ВИДЕО | Богдановиќ погоди тројка за продолжение, Мареј со 44 поени го сруши Бостон

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа два натпревари, а во центарот на вниманието беше натпреварот помеѓу Аталанта и Бостон кој заврши со победа на домаќините од 123:122.

Натпреварот го одбележа Дежонте Мареј кој постигна 44 поени и така постави рекорд во својата кариера. Посебно одличен беше во продолжението кога ги постигна сите 11 поени за својот тим.

Изедначено и неизвесно беше до самиот крај, а продолжение обезбеди Богдановиќ кој погоди тројка за 112:112. Мареј го имаше главниот збор во продолжението постигнувајќи ги сите 11 поени за конечни 123:122.

Покрај 44 поени, Мареј додаде уште седум скока и седум асистенции. Богдановиќ натпреварот го заврши со 24 поени, а Тејтум запиша дабл-дабл од 31 поен и 13 скокови.

Во преостанатиот натпревар Њу Орлеанс беше подобар од Милвоки со 107:100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот