ВИДЕО | Били Ајлиш: „Ми беше тешко да го гледам документарецот за мојот живот“
Били Ејлиш полека го промовира документарниот филм посветен на нејзиниот живот и кариера -„Billie Eilish: The World’s A Little Blurry“, кој наскоро треба да се најде на стриминг платформата за Apple TV +.
Во посета на вечерната програма на Стивен Колберт, младата пејачка раскажа кои детали од својот живот ќе ги открие во документарецот.
„Јас нема да откријам сè. Ќе видите дел од мојот живот. Мислам дека е важно луѓето да знаат што ми се случува. Нема баш сè да откријам што реално ми се случува, но тоа сум јас. Бев навистина напорна за време на снимањето на документарниот филм, па сега ми е тешко да го гледам“, откри пејачката.
„Не знаев што да очекувам. Ме снимаа скоро три години и не сум некој што се менува пред камера, па затоа бев загрижена“, продолжи таа.
„Првата верзија беше долга над три часа – ја гледавме повеќе од пет часа, бидејќи постојано го запиравме видеото“, објасни таа.
„Убаво е што можам повторно да ги преживеам сите тие убави моменти – не грди – но сè е целосно лудо“, заклучи таа.
Документарниот филм „Billie Eilish: The World’s A Little Blurry“ ќе биде достапен на Apple TV + од петок, 26 февруари.