ВИДЕО: БиБиСи под опасада од антиваксери – обид за насилно влегување во студио на јавниот сервис

Фото: Screenshot/Twitter

Демонстранти кои се против вакцинирање се обидоа да упаднат во студиото на Би Би Си во Вајт Сити, во западниот дел од Лондон.

На снимката може да се види група демонстранти како се обидуваат да влезат во зградата туркајќи се со полицијата која се обидува да го спречи упадот, објави Индипендент.

Демонстрантите излегле првично на протест во лондонски парк по што заминале од оваа локалција следени од полицијата. На снимката се слуша како некој од толпата зборува:

-Можеби одат кон Би Би Си. Изгледа ќе одиме во Вајт Сити, момчиња, се слуша на снимката.

Потоа се гледа како полицијата им го попречува патот на антиваксерите од толпата која се претставува како неофицијална група „Официјален глас“ (Official Voice) – која пред тоа протестираше против вакцинацијата на деца.

-Овие демонстранти се обидоа да упаднат во студијата на Би Би Си во Вајт Сити но наидоа на големо полициско присуство, тие протестираат против вакциналните пасоши и против вакцините за деца, рече влогерот Пол Браун на снимакта објавена на „Твитер“.

Иако демонстрантите удрија кон вратите на објектот на Би Би Си, полицијата успеа да ги оттурне. Многумина во толпата ги снимаа овие шокантни глетки на насилство. Полицијата соопшти дека нема уапсени.

Видео на денот