ВИДЕО: Без најава утрово се сечеа дрва во Градскиот парк во Скопје

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ утрово сечеа дрва во Градскиот парк во Скопје, без претходна најава од Град Скопје.
-Град Скопје под чија надлежност е претпријатието, немаше објавено никаква најава дека ќе се сечат дрвја, па оттаму се поставува прашањето „Кој и зошто прави масакр на здрави дрва утрово во Градскиот парк?“, пишува порталот 24инфо.
Според решението издадено од градоначалничката на Скопје од 28.04 годинава, предвидена е сеча само на едно дрво (платан) за кое е утврдено дека е целосно изгорено и постои опасност да падне и да предизвика материјална или друга штета. Оваа проценка ја дале стручни лица од Град Скопје заедно со колегите од ЈП „Паркови и зеленило“ по извршениот увид. Ова решение предвидува на истата парцела од каде е отстрането дрвото треба да се засади нова садница.
Објавите на социјалните медиуми покажуваат дека најмалку 2 дрва се исечени на оваа локација во Градскиот парк.