Фото; Pa Censure / скриншот

ВИДЕО: Бетер сме од Дивиот Запад – пукање со пиштол во преполн кафе-бар во Гостивар

Снимка со вознемирувачки сцени од кафуле во Гостивар денеска е објавена на социјалните мрежи, а на неа се гледа како група луѓе физички се пресметуваат, по што се слушаат и истрели.

Инцидентот, според порталот „Без цензура“, се случил синоќа, на 1 јануари.

На снимката се гледа како избива тепачка меѓу двајца луѓе и повеќемина гости во кафулето. Во еден момент, еден од учесниците во тепачката вади пиштол, а во мешаницата јасно се слушаат четири истрели, додека луѓето во локалот панично бегаат.

Инцидентот не беше забележан во денешниот полициски билтен и нејасно е дали тој воопшто е пријавен во полиција. Според неофицијални информации, пукачот е 17-годишно момче, кое имало германски пасош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот