ВИДЕО: Бејл како во старите добри времиња!

Фото: EPA-EFE/John Walton/POOL

Тотенхем вечерва во Лондон ја забележа и четвртата победа сезонава во Премиер лигата откако со 2:1 славеше против Брајтон.

После првото полувреме играчите на Жозе Мурињо имаа позитива од 1:0, од пенал прецизен беше англискиот репрезентативец Кејн после 13 минути игра.

Во 56 минута убава акција од неколку врзани подавања на гостите која на крајот беше крунисана со погодок на Лемпти за израмнување на 1:1.

Новото засилување од Реал Мадрид, Бејл настапи од 70 минута и само 180 секунди подоцна успеа да се запише во листата на стрелците. Регилон во прав момент го пронајде Велшанецот кој со глава ја смести топката во мрежата на Санчез.

Моментно Тотенхем е на второто место на табелата со 14 бода, два помалку од водечкиот Ливерпул. Во денешната неделна програма во дербито Арсенал славеше против Манчестер јунајтед, потоа Њукасл беше подобар од Евертон (2:1), а Саутемптон како гостин ги освои трите бода кај Астон Вила (3:4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот