ВИДЕО: Обамејанг за триумф на Арсенал против Манчестер јунајтед!

Фото: EPA-EFE/Shaun Botterill/POOL

Последен пат „топчиите“ го освоија „Олд Трафорд“ на 17 септември 2006 година кога славеа исто така со 0:1 во рамките од Премиер лигата.

Вечерва Арсенал со истиот резултат повторно триумфираше на стадионот на Манчестер јунајтед кој пак сезонава игра „топло-ладно“.

Повторно деновиве ќе се шпекулира околу статусот на норвешкиот менаџер Оле Гунар Солскјер чиј состав моментно е на дури 15 позиција со седум бода.

Арсенал после двата порази во низа дојде до четвртата победа за осма позиција на табелата со 12 бода.

Клучниот момент се случи во 69 минута кога Обемајанг беше сигурен од белата точка, а претходно во казнетиот простор на домаќините Погба го фаулираше Белерин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот