ВИДЕО: Барнли на интересен и страшен начин го промовираше Дарко Чурлинов

Дарко Чурлинов и официјално е нов фудбалер на Барнли/Фото: Принтскрин/twitter.com/BurnleyOfficial

Македонскиот репрезентативец летово го напушти бундеслигашот Штутгарт и од новата сезона ќе настапува во Англија за екипата на Барнли.

Дарко Чурлинов (22) и официјално е нов фудбалер на англискиот клуб кој настапува во Чемпионшип и со кој ќе се обиде да се врати во Премиер лигата.

Неговиот нов клуб на еден интересен и страшен начин во т.н. темна опседната куќа се одлучи да го промовира нашиот играч. Чурлинов е инаку 12-то летно засилување за Барнли со кој потпиша договор на четири години.

– Се чувствувам многу возбудено што сум тука, навистина се радувам на оваа сезона што следи. Нема време за губење и навистина се радувам на утрешниот ден и на претстојните недели – рече Чурлинов за клупскиот сајт на Барнли.

Менаџерот на клубот Винсен Компани вели Дарко е напаѓачки настроен играч и менталитет кој го има во играта.

– Имаме добри односи со Штутгарт и им благодариме што ни овозможија да донесеме надежен млад играч во нашата екипа. Со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде во тимот и среќни сме што тој е дел од иднината во овој клуб – рече Компани.

И неговиот досегашен клуб Штутгарт потврди дека е постигнат договор со Барнли за трансфер на Македонецот на кој му се заблагодаруваат и му посакуваат среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот