ВИДЕО | Барлакоски: Радев нема ингеренции за испраќање на служби, тоа е чист ПР потег со предизборна цел

Потегот кој го направи бугарскиот претседател Румен Радев е ништо друго освен предизборна кампања. Колку што јас го познавам бугарскиот систем таквите служби се потчинети под премирот и претседателот нема командна власт врз нив. Радев може да се интересира за бугарските граѓани надвор од Македонија, но тој ја нема моќта да дава овластувања на разузнавачките служби за делување надовор од Бугарија, па и внатре во Бугарија, изјави во Утрински брифинг Божидар Барлакоски.

Излегува дека Македонија е солидно топовско месо за добивање на евтини политички поени и бугарскиот политички естаблишмент некако многу често по потпишувањето на Догоорот за добрососедство игра на оваа карта пред изборите. Сепак таквиот мисионерски комплекс на коалиционите патриоти во владата „да ја извадат Македонија од српското влијание и да ја вратат на Санстефанскиот корен“ се покажува како голем залак како за Бугарија како и за европските партнери кои немаат никаков абер за каков контекст на проблемот станува збор и затоа Бугарија има проблем да го објасни нејзиниот новонастанатиот анимозитет кон Владата во Македонија, смета Барлаковски.

Веќе потпишаниот Договор за добрососедство е еден вид на гаранција и ако ги анулираме сите гаранци јас не гледам логика во потпишување на анекси и нови договори. Колку што јас сум запознаен со случајот Бугарите сакаат автентично толкување на историјата по нивни рецепт и мислам дека е погрешно да се градат билатерални односи на толку блиски држави околу ваков чисто академски спор, вели Баралкоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот