ВИДЕО: Атланта е вториот финалист во Источната конференција
Кошаркарите на Атланта се пласираа во финалето од плеј-офот во Источната конференција откако доцна синоќа во решавачкиот седми натпревар со резултат 103:96 ја совладаа Филаделфија.
Хокси со конечни 4:3 во НБА серијата ќе играат во финалето на Истокот каде што ќе ги одмерат силите против Милвоки Бакс.
Во победничката екипа најдобар беше Ертер со 27 поени, додека Тре Јанг запиша „дабл-дабл“ учинок од 21 поен и 10 асистенции.
На спротивната страна за Сиксерси се истакна Ембид со 31 поен и 11 скокови, додека Тобајас Херис додаде 24 поени и 14 скокови.
Да додадеме уште дека веќе започна финалето во Западната конференција, Феникс поведе со 1:0 против Клиперси триумфирајќи на домашен терен со 120:114. За Санси блескаше Букер со 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции, а за екипата од Лос Анџелес Џорџ забележа 34 поени и пет асистенции.