ВИДЕО: Астон вила го доби Нотингем и го прескокна Манчестер сити
Астон вила брзо се врати на победничките патеки откако во претходното коло беше поразена од Арсенал, совладувајќи го Нотингем форест со 3-1 во натпревар одигран викендов.
Препорачано
Тимот на Унаи Емери уште еднаш потврди дека оваа сезона сериозно конкурира и за највисоките позиции на табелата, доминирајќи на теренот од првата до последната минута.
Иако Вила имаше иницијатива во текот на целиот прв дел до гол дојде дури пред самиот одмор, кога Оли Воткинс прецизно погоди по асистенцијата на Роџерс.
Домашните не застанаа ниту по паузата, па веднаш на стартот од второто полувреме капитенот Џон Мекгин зголеми на 2-0. Нотингем форест накратко се врати во игра преку Гибс-Вајт, кој намали во 61. минута, но тоа се покажа како недоволно за вистински пресврт.
Конечните 3-1 ги постави повторно Мекгин во 73. минута, ставајќи точка на сите дилеми.
Со овој триумф Астон вила моментно се искачи пред Манчестер сити на табелата, иако „граѓаните“ допрва треба да го одиграат својот натпревар од 19. коло, во кој ги очекува дерби дуел со Челси.
Преземео од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


