ВИДЕО | Астон Вила двапати водеше, но Јунајтед на крајот се радуваше на победа

Фото: Manchester United/Twitter

Манчестер Јунајтед и се реваншираше на Астон Вила за поразот од пред неколку дена во Премиер лигата и вечерва во Карабао Купот со комбиниран состав „црвените ѓаволи“ славеа со 4:2.

Двапати Јунајтед „бркаше“ негатива, но на крајот го продолжија натпреварувањето во следната фаза. Првите 45 минути поминаа без многу шанси и возбудувања, сите шест гола паднаа во второто полувреме.

Вила до водство стигна со голот на Оле Воткинс, меѓутоа само минута подоцна Марсијал по асистенцијата од Бруно Фернандеш погоди за 1:1. Продолжи Вила со офанзивната игра и после изедначувачкиот гол на Јунајтед, нов гол постигнаа во 61. минута. Трагичар беше Далот кој по ударот на Бејли ја испрати топката зад грбот на Дубравка.

Не се чекаше многу за ново изедначување, шест минути по автоголот на Далот, Рашфорд во соло акција погоди за 2:2. Бруно Фернандеш се погрижи Јунајтед првпат да дојде до предност, а конечните 4:2 ги постави Мектоминеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот