ВИДЕО: Артуро Видал „мртов пијан“, фудбалерот на Интер едвај влезе во автомобилот

Артуро Видал (Интер) ги шокираше Италијанците со своето однесување/Фото: EPA-EFE/Andre Coelho

Видео на кое се гледа како фудбалерот на Интер, Артуро Видал е толку пијан што едвај стои на нозе и со проблеми влегува во автомобилот стана хит на социјалните мрежи.

Според „Гаѕета дело Спорт“, Видал е снимен во ваква состојба кон средината на август, три дена пред почетокот на натпреварот на Интер против Џенова во Серија А, и нејасно е зошто објавеното видео дури сега стана вирално.

На снимката се гледа Видал кој наводно бил толку пијан што имал проблеми со рамнотежата, па наместо да седи во автомобилот завршил тркалајќи по него, а кога го придружувале до совозачкото седиште на црвениот кабриолет, тој прво седнал во спротивна насока, со нозете на седиштата.

Истиот извор вели Интер веќе бил запознаен со ова видео и се одржа интервју со играчот во клубот.

Моментно Интер во Серија А на табелата се наоѓа на третата позиција со 17 бодови, четири помалку од водечкиот Наполи на нашиот Елиф Елмас. Во Лигата на шампионите составот на Симоне Инзаги не стартуваше најдобро во групата „Д“, после две кола има само еден бод, зад Шериф Тираспол на Бобан Николов со шест и Реал Мадрид со три бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот