ВИДЕО: Аргентинските фанови бараат „правда“ за Диего Марадона

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Аргентинците не мируваат после смртта на Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите во историјата на фудбалската игра.

Во Буенос Аирес фановите организираа демонстрации пред Обелиск и бараат правда за нивниот „фудбалски Бог“. Тие се незадоволни што истрагата сè уште не ја расветлила смртта на Марадона. Тие скандираа: „Правда за Марадона“. „Тој не умре, тие го убија“.

Носеа дресови и знамиња со неговото име и лице, со навивачки песни во чест на легендата..

– Ние сакаме судење и казнување на виновните – се вели во еден од транспарентите.

Поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Вилафан и нивните ќерки Далма и Џанина исто така беа на протестот.

Марадона почина на 25 ноември 2020 година во својот дом, додека се опоравуваше од операцијата на мозокот. Како официјална причина за смртта се наведува срцев удар.

Пет лица под истрага поради смртта на Марадона

Ќерките на Марадона сведочеа во обвинителството: Го видовме дека пуши марихуана и пие, а му дадоа и мистериозни таблети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот