ВИДЕО АНКЕТА: Граѓаните се чудат за искривените канделабри на кејот на Вардар во Карпош 4, за безбедноста никој не се грижи

Искривени канделабри на кејот во Карпош 4/Фото: Слободен печат

Некогаш прекрасно уредениот кеј на Вардар од Карпош 4 до Аеродром сега пропаѓа. Освен што потонува во целосен мрак поради штедењето на струја, поради тешко оштетените канделабри во делот на Карпош 4 нема абер дека овие патеки ќе се осветлат иако интересот за шетање и рекреирање на кејот кај скопјани е голем.

Низа канделабри од горната пешачка патека на кејот во Карпош 4 се навалени, некои изгледаат како дека ќе паднат секој момент, на долната велосипедска патека.

Скопјаните кои ги анкетиравме нормално, не се чувствуваат безбедно и бараат веднаш локалната самоуправа да интервенира за да не биде доцна ако некоја од нив падне.

Досега ниту Општина Карпош ниту Град Скопје не реагираат за оштетените канделабри на кои дури им висат и струјни кабли и од нив се што можело е искрадено. Случајот е пријавуван и од минувачи во Општина Карпош но досега не е преземено ништо.

Еве што велат велисипедистите и рекреативците кои попладнево ги сретнавме на кејот во Карпош 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот