ВИДЕО | Ангеловски: Нема земја каде што има нула жртви во сообраќајот, ние се трудиме да бидат што помалку

Дејан Трајковски и Тони Ангеловски / Утрински брифинг
Дејан Трајковски и Тони Ангеловски / Утрински брифинг

-Изминатата 2021 година според нашите статистики е најдобра година со најниски сообраќајни несреќи во последните 20 години. До сега имаме статистика од 111 жртви, за разлика од 2020 кога имавме и ограничување на движењето , изјави за Утрински брифинг Дејан Трајковски, Началник на сектор за сообраќајни безбедност во БЈБ.

-Јас сум вработен во МВР од 1992 и под 100 жртви не сме биле, но тежнееме кон тоа. Јануари 2022 во статистичка перспектива се движи во загрижувачка насока, иако се зајакнати сообраќајните контроли, можеби причината се празниците, можеби е опуштеност и кај помладите возачи. Зимски распуст е, отворени се ноќните локали, сообраќајната полиција е 24 часа на терен, презема мерки, но за жал тоа не е доволно, вели тој.

-Сигурен сум дека треба да се вклучат и други институции, особено во образовниот процес, во едукативниот дел младите се оставени само на родителите. Сообраќајната едукација треба да започне од предшколска возраст, додава Трајковски.

-Статистиката покажува дека алкохолот е присутен кај помладата популација, која што на одреден начин дивеат во сообраќајот, но ние сме тука и постојано сме на терен, вели Трајковски.

Во разговорот се вклучи и портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, според кого полицијата е присутна секаде, полицијата работи максимално и има зголемен број на санкции.

-Не постои земја каде што има нула жртви, на нашата тенденција е бркајќи ја таа нула да ја спуштиме бројката на жртви. Ние не зборуваме за перцепција, ние зборуваме за бројки. 111 жртви – рекордна година по намалувањето на бројот на жртвите. Но мора да кажеме дека безбедноста во сообраќајот не е само МВР, тоа се и образовните институции, и семејството, вели Ангеловски.

-Има камери во Градот Скопје, но тие не се за сообраќајни прекршоци. Тие камери немаат технички можности, набавени се пред скоро една денценија и тогаш е направена за други потреби – за следење на луѓето. Во 2017 имаше промена на власта и беше да дадена наредба тие камери да бидат користени за решавање на проблеми околу јавниот ред и мир, разбојништва итн… Снимките се доказен материјал и помагаат во судските процеси, вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот