ВИДЕО | Андоновиќ: САД негодува за плановите на Нетанјаху за трајна израелска окупација на Газа

Две и пол недели по влегувањето на тенковите и копнените трупи во северниот дел на Газа, израелските сили ја окупираа болницата Ал Шифа бидејќи, како што тврдат, таму биле милитантите на Хамас. Израел објави дека неговите војници откриле „оружје и терористичка инфраструктура“ во болницата, откако ги убиле милитантите во судир пред Ал Шифа.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретна со војниците во базата Зиким во близина на северниот дел на Појасот Газа и им рече дека „нема место во Газа до кое Израел нема да стигне, додека од другата страна, по усвојувањето на Советот за безбедност на ОН резолуција која повикува на „продолжени хуманитарни паузи“ во Газа. Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема да има такви паузи додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи Хамас.
Израелскиот претседател Исак Херцог рече дека Израел не може да остави вакуум во Газа и дека ќе мора да ги задржи своите сили таму за да спречи Хамас повторно да се појави во палестинската енклава, објави денеска Фајненшл тајмс.
„Ако се повлечеме, тогаш кој ќе го преземе? Не можеме да оставиме вакуум. Мораме да размислиме каков ќе биде механизмот; има многу идеи. Но, никој нема да сака повторно да го претвори ова место, Газа, во терористичка база“, рече Херцог во интервју за ФТ.
Минатата недела израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави за Еј-Би-Си дека Израел „на неодредено време“ ќе има одговорност за безбедноста на енклавата по војната, но САД возвратија на тоа, велејќи дека Палестинците треба да управуваат со Газа откако Израел ќе ја заврши војната против Хамас.
Херцог изјави за ФТ дека израелската влада разговара за многу идеи како да управува со Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас, претпоставувајќи дека САД и „соседите во регионот“ ќе бидат вклучени во повоен аранжман.