ВИДЕО: Анчелоти го враќа Кристијано Роналдо во Реал Мадрид?

Португалецот има уште една година од договорот со Јувентус/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

ПСЖ може да донесе кого сака, тоа го покажа во случајот со Нејмар, кога Барселона го продаде за дури 222 милиони евра. Тоа го докажа и со ангажирањето на Лионел Меси за 30 милиони евра годишно плус бонуси.

Парижаните „фрлија око“ и на Кристијано Роналдо, кого го сакаат следното лето, кога ќе му истече договорот со Јувентус. Можно е да згрешиле во проценката.

Во играта е вклучен и Реал Мадрид. Поточно, тренерот на „кралската“ екипа, Карло Анчелоти. Тој побара, како што објави „Ел Чирингито“ околу полноќ, од управата на клубот да го доведе одличниот Португалец.

„Ел „Чирингито“ во понеделникот објави дека Еду Агире, близок пријател на Кристијано Роналдо и известувач на емисијата, ќе ги објави најновите вести за Португалецот за време на вечерната програма. Емисијата започна околу полноќ по шпанско време. Според Агире, Карло Анчелоти започнал разговори со клубот со цел да го врати Кристијано Роналдо на „Сантјаго Бернабеу“, а на Роналдо гледа како на некој кој сè уште може да му помогне на тимот. Со оглед дека Роналдо наводно сака да го напушти Јувентус, Анчелоти се обидува да го обезбеди неговиот потпис.

Неизвесно е дало оваа желба на италијанскиот стручњак ќе биде реализирана, имајќи предвид дека претседателот на Реал, Флорентино Перез претходно изјави дека Роналдо нема да се врати и истакна дека сите средства што ги има Реал Мадрид ќе бидат потрошение за ангажирање на Килијан Мбапе и/или Ерлинг Халанд.

Кој знае, можеби Перез ќе се премисли доколку се појави можност Роналдо да се врати во Мадрид.

Понуда од 120 милиони евра за Мбапе, дали ПСЖ ќе ја прифати?

И Ливерпул е во трката за потписот на Мбапе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот