ВИДЕО | Анализа: Протестите во Кина се доказ дека гласот на народот секогаш мора да биде чуен

Кина протест/ Фото: JOSH EDELSON / AFP / Profimedia

Низ улиците на неколку кинески градови во изминативе денови избувнаа големи протести против ковид-политиките на Комунистичката партија. Земјата во која вакви протести се голема реткост, ги изненади странските набљудувачи.

Ковид-политиките на Кина ги налутија граѓаните, кои во последнава година ги гледаа останатите држави во светот како ги олеснуваат мерките и се враќаат во „нормалниот“ живот. Комунистичката партија предводена од претседателот Си Џипинг уште нема намера да се повлече контроверзната „нула-ковид“ политика, а самиот Си изјави дека ќе „преземе соодветни акции“ за да се стави крај на протестите.

Протестите во Пекинг се одбележани со „белите листови“, кои ја отсликуваат состојбата со ковид кризата во светската економска сила. Демонстрантите своите протести ги нарекоа „револуција на белата хартија“.

Полицијата масовно почна да ги апси демонстрантите на протестите, а од некои од нив бараше и да ги бришат фотографиите од протестите.

Масовни протести избувнаа и во најголемата фабрика за производство на „Ајфон“, „Фокскон“, каде вработените со месеци ги издржуваа нечовечките услови.

Ваквите протести се доказ дека гласот на народот секогаш мора да биде чуен. Кинезите ретко решаваат кога да излезат на протест, но овие денови се докажа дека и тие имаат право да го кажат своето мислење.

Но, малку кој верува дека властите во Кина ќе го променат мислењето. Останува да се надеваме дека протестите ќе се одржат мирно и без жртви.

Западните експерти стравуваат дека властите од Пекинг може да употребат сила против демонстрантите, што би било ужасно, но и неочекувано.

Кинескиот град кој остана заборавен од пандемијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот