„Револуцијата на белата хартија“: Зошто Кинезите протестираат со бели листови?

Протест во Кина со бели листови/ Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Протестите против ковид-политиките во Кина се обележани со празни бели листови што ги носат демонстрантите, поради што протестите се наречени „револуција на белата хартија“ или „револуција А4“, наведува Би-Би-Си, додавајќи дека причината за белата демонстрациите на хартија би можеле да бидат за да се избегне цензурата.

Во виралното видео, кое е снимено во саботата, жена од Колеџот за комуникации во Нанџинг држи празно парче хартија во воздухот, а потоа е однесена од неидентификуван маж.

На друго видео, направено истиот ден, десетици студенти во кампусот носеа празни хартии и стоеа во тишина. Слични сцени можеа да се видат и во други големи кинески градови во текот на викендот.

„Дефинитивно нема ништо на хартија, но знаеме што значи“, изјави за Би-Би-Си една жена која учествуваше на протестот во Шангај во саботата навечер.

Нови апсења во Шангај за време на протестите против строгите анти-ковид мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот