Нови апсења во Шангај за време на протестите против строгите анти-ковид мерки

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Полицијата денеска уапси две лица во Шангај, каде демонстрантите протестираа викендов поради здравствените мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Еден полицаец изјави дека тие биле приведени затоа што не ги почитувале наредбите на полицијата и ги упати новинарите до локалните полициски власти за повеќе детали.

Полицијата, исто така, им нареди на присутните да се разотидат и да ги избришат фотографиите од нивните телефони.

Демонстрантите се собраа вчера во Шангај за да протестираат против строгата анти-ковид политика што е во сила речиси три години, но и да побараат повеќе политички слободи.

Во Кина расте заморот поради тешката политика за борба против пандемијата. Последните денови во неколку градови веќе се одржаа спорадични, а некаде и насилни протести, особено во најголемата фабрика за iPhone во светот во централна Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот