ВИДЕО | Алкараз по прекинот поради инвазија од пчели издоминира против Зверев

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го продолжи патот кон одбраната на титулата на Индијан Велс откако во одличен меч славеше против Александар Зверев со 2:0 во сетови (6:3, 6:1).

Мечот кој се играше на главниот терен беше прекинат скоро два часа поради инвазија од пчели, а по долгата пауза Алкараз излезе на терено посконцентриран и брзо дојде до победата. Прекинот поради пчелите траеше повеќе од самиот меч бидејќи на Алкараз за победата му беа потребни вкупно 79 минути игра.

 

Алкараз во првиот сет направи брејк во четвртиот гем и не му дозволи на противникот да се врати, додека во вториот одигра доминантно и отвори со 4:0, а во продолжение Германецот освои само уште еден гем.

Во полуфиналето Алкараз ќе го има најголемиот предизвик бидејќи ќе се соочи со Италијанецот, Јаник Синер кој во 2024 година игра во одлична форма и се уште е без пораз во сингл конкуренција. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Медведев и Пол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот