ВИДЕО: Али Ахмети може да се најде на обвинителната клупа во Специјалниот суд во Хаг, вели адвокатот на ветераните на ОВК

Али Ахмети веќе беше повикан во функција на сведок во Специјалниот суд во Хаг каде што во моментов на Лидерите на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими им се суди за стотина воени злосторства, убиства, присилно исчезнување, прогонства и тортура.

Иако лидерите се изјаснија дека се невини, судскиот процес нема да заврши бргу, рече за Слободен печат адвокатот на воените ветерани на ОВК, Том Гаши. Тој е уверен дека обвинителството нема докази да ги докаже обвиненијата, но смета дека судот и Специјалното обвинителство кое од 2016 година функционира во склоп на косовскиот судски систем ги надминува овластувањата и дека суди еднострано.

Според Гаши, од таа причина секој што е Албанец и бил на некој начин инволвиран во ОВК може да се најде на списокот со обвинети. Тој за Слободен печат потврди дека и Али Ахмети може да се најде на обвинителната клупа во Хаг.

Проследете ја целата изјава на адвокатот на воените ветерани на ОВК, Том Гаши за Слободен печат:

Зошто ДУИ упорно тврди дека Хаг го вика Ахмети во својство на сведок?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот