ВИДЕО | Александар Тарабунов ја прекина долгата врска
Александар Тарабунов ја прекина долгата врска со неговата девојка Калина, објави ТВ-емисијата „Животна приказна“ во својата најава, каде што гостува пејачот.
Препорачано
Во најавата, водителката Здравкица Милиќ вели:
„Прекина долга врска“, но делот како на тоа одговара Тарабунов не е прикажан во најавата. Пејачот долги години беше во врска со Калина Поленак, но на неговиот инстаграм-профил може да се види дека веќе не ја следи.
Неодамна, тој подготви ексклузивна вечера за неговите пријатели во својот дом, на која се покажа како одличен готвач на морски специјалитети и десерти, а ги послужи со убаво вино.
Александар Тарабунов е еден од нашите најпознати пејачи во поп-музиката, а работи и во хорот на Националната опера и балет. Тој е син на познатиот пејач на народна музика, Ванчо Тарабунов.
Во 2024 година, тој за роденденот на својата девојка напиша: „Среќен роденден, моја Калина Поленак“. За неговиот роденден во 2023 година, тој беше на романтично патување во Рим со Калина, каде ја изненади со десерт среде ресторан.
Во емисијата „Животна приказна“, тој зборуваше и за тоа колку го погодила загубата на колегите од „ДНК“.
„Тогаш кога ми беше многу тешко, кога се случи трагедијата, напишав како една кратка, не знам, поема, како да го кажам тоа, за Андреј. Тие луѓе навистина фалат, искрено“, рече пејачот.


