ВИДЕО: Агент на ДЕА загина при пукање во Аризона

Агент на ДЕА загина при пукање во Аризона
Фото: Скриншот, Нова.рс

Специјален агент на Агенцијата за борба против дрога (ДЕА) беше убиен кога еден патник отвори оган додека полицајците вршеа рутинска проверка поради илегален шверц во воз во Аризона.

„Она што се случи е страшно и сите ние допрва треба да се помириме со страшната загуба“, рече шефот на полицијата Крис Магнус, додавајќи:

„Сакам да ги истакнам навистина херојските дејствија на полицијата на лице место. Буквално истрчаа кон опасноста, во автомобилот каде што напаѓачот активно пукаше“.

Како што наведе, агентот на ДЕА е во критична состојба, додека полицаецот е стабилен. Нивните имиња засега нема да бидат објавени.

Престрелката се случила во воз застанат на станица во центарот на градот. Регионалната работна група агенти на ДЕА влегла в о еден од вагоните за да изврши рутинска проверка барајќки еветуално нелегални пари, оружје и дрога. Тоа е вообичаена акција на ДЕА во сите транзитни центри низ САД, соопшти полицијата.

Фото: Скриншот, Нова.рс

Полициските службеници претресувале едно сомнително лице на горниот дел од вагонот кога друго лице извадило пиштол и почнало да пука. Дошло до престрелка со огнено оружје меѓу осомничениот и полицијата, а потоа тој се забарикадирал во бањата на пониско ниво од вагонот, каде подоцна осмниченото лице било пронајдено мртво.

Видео на денот