ВИДЕО: Адетокумбо намерно не реализираше поени, му требаше само еден скок до „трипл-дабл“

фото: EPA-EFE/Peter Foley

Доцна синоќа составот на Милвоки славеше на гостувањето кај Вашингтон со 111:117 во рамките од НБА лигата.

Кај Бакси прв стрелец беше Адетокумбо со 23 поени, воедно забележа 10 скокови и 13 асистенции.

Интересно, грчкиот интернационалец во последните секунди од натпреварот намерно не реализираше поени, само за да успее со нов скок да запише нов „трипл-дабл“ во кариерата.

На спротивната страна за Визардси прв стрелец беше Бил со 33 поени и девет скокови, следен од Летонецот Порзингис кој имаше 24 поени, 13 скокови и пет асистенци.

Милвоки е првопласиран во Источната конференција со учинок 46-18, додека Вашингтон е на 10 позиција (30-34).

НБА, резултати

Бруклин – Шарлот 102:86
Орландо – Портланд 119:122
Хјустон – Сан Антонио 142:110
Оклахома – Јута 129:119
Бостон – Њујорк 129:131 (по 2 продолженија)
Вашингтон – Милвоки 111:117
ЛА Клиперс – Мемфис 135:129

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот