ВИДЕО: 30 кандидатки за Мис Тајланд паднаа во вода откако се урна мост

принтскрин/Youtube

Триесет убавици тргнаа да ја освојат ласкавата титула Мис на Тајланд, но на вториот натпреварувачки ден доживеаја бизарна несреќа.

За време на прошетката и обиколката на околните места, додека позирале на мал мост, тој се урнал поради тежината, а убавиците завршиле во вода, пренесува „Дејли мејл“.

Три девојки биле пренесени во Ургентен центар бидејќи имале полесни повреди, а другите продолжиле да се борат за титулата најубава.

Иако им се случила оваа необична и по малку бизарна несреќа, девојките сето тоа го преживеале со насмевка на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот