Видарсон: Знам дека Македонија има многу важен меч, но Исланд оди на победа

видарсон
Исланѓаните не доаѓаат со бело знаме во Скопје, селекторот на „рибарите“, Артур Видарсон/Букурешт, Романија/11 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Македонската А репрезентација утре од 18.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ги одмери силите против Исланд во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Нашата А селекција со триумф ќе го обезбеди второто место и мундијалскиот бараж, а Исланѓаните се без шанси откако ги откажавме после убедливата победа во Ереван.

Исланд ни направи „услуга“ откако не загуби во претходното коло против Романија во Букурешт играјќи без голови (0:0), а сега мотивиран доаѓа по добар резултат и во Скопје. Така барем најавува исландскиот селектор Артур Видарсон:

– Сакаме во добра атмосфера да ги завршиме овие квалификации. Како и на сите досегашни натпревари, и на утрешниот против Македонија одиме на победа. Среќни бевме после бодот освоен во Букурешт, иако се чувствуваше незадоволството кај моите играчи дека можеа да дојдеме и до триумф.

Повторно сакаме добро да се претставиме, важно е за нас да напредуваме. Одиме чекор по чекор, сакаме да постигнеме голови и се надевам дека тоа ќе го направиме в недела. Свесни сме дека противникот е силен и игра многу важен натпревар – вели Видарсон.

Костадинов: Се е во наши раце, без еуфорија и со „ладни“ глави да влеземе во натпреварот против Исланд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот