Веспрем со магичен пресврт против ППД Загреб ја одбрани титулата во СЕХА

Расмус Лауге му донесе нов трофеј на Веспрем во СЕХА/фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Ракометарите на Веспрем ја одбранија титулата во СЕХА лигара откако во финалето на завршниот турнир со 32:30 го совладаа ППД Загреб.

Унгарскиот тим славеше благодарение на одличната игра во второто полувреме откако по првиот дел имаше негатива од шест гола (13:19). Ова е петти трофеј за Веспрем во СЕХА лигата со што се израмни со Вардар како најтрофејни екипи во регионалното ракометно натпреварување.

Од друга страна, ППД Загреб за кого летово потпиша Тимур Дибиров, го доживеа четвртиот пораз во петтото финале.

Во драматичното финале, пресудни беа двата гола на Расмус Лауге Шмит, прво погоди за 31:30, а потоа на 30 секунди до крајот даде гол за конечни 32:30.

Хрватскиот тим одигра одлично во првот полувреме кое го доби со 13:19, но во второто полувреме Веспрем одигра одлично. Од минута во минута ја намалуваше предноста и  во 48 минута израмни на 28:28 по што следеше возбудливиот финиш со среќен крај за Веспрем.

Омар Јахја со седум гола беше најпрецизен кај Веспрем, по пет гола дадоа Мае, Лауге Шмит и Штрлек додека во редовите на Загреб се истакнаа Чупиќ со осум и Срна со шест гола.

Третото место на завршниот турнир што се играше во Задар го освои Еурофарм Пелистер кој со 27:23 го совлада Нексе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот