Весна Чипчиќ ја искара публиката: Би сакала публиката повторно да доаѓа во театар избањата, убаво намирисана и облечена

Facebook

Актерката Весна Чипчиќ неодамна прележа коронавирус, па полека се враќа на работните обврски колку што тоа ѝ го дозволуваат епидемиолошките мерки.

Актерката сега отворено прозборе за театарската публика, но и дека актуелната мода не ѝ се допаѓа воопшто. Таа смета дека многу луѓе не го почитуваат дрес-кодот примерен за таква институција, и би сакала публиката да доаѓа намирисана, исчешлана и избањата.

Искрена да бидам, малку ми пречи тој претерано опуштен стил, кој денес се форсира. Би сакала публиката повторно да доаѓа во театар избањата, убаво намирисана и облечена. Дека ми пречи тоа неисчешлано и небањато, во куси панталони, така да се појави во театар, ми пречи – остро изјави актерката.

Весна уште еднаш се осврна и на личната борба со коронавирусот. Односно поради зголемените Д-димери, таа морала сама да се боцка со инјекции.

Најважно е дека своето искуство јавно го кажав и на сите им објаснив дека вирусот ни малку не е наивен. Поминав низ тоа што поминуваат многумина и тоа не треба да се крие. Научив некои нови работи за себе, сега сум благодарна што преживеав. Ми беше полесно бидејќи син ми и ќерка ми беа заразени во исто време. Се грижевме едни за други и си дававме духовна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот