Верувал дека душите на мртви Индијанци влегле во него, бил голем заводник, требал да стане филмаџија, но судбина му била музичката сцена!

profimedia

Стилот на Морисон, тесните кожени панталони, шаманскиот танц на сцената, провокативните текстови – често на групата ѝ носеле неволи.

Џејмс Даглас Морисон, познат како Џим, пејач, поет и фронтмен на групата Дорс, роден е на 8 декември 1943 година на Флорида, како најстаро од трите деца на Џорџ Стивенс Морисон и Клара Кларк Морисон. На само 4-годишна визраст бил сведок на сообраќајна незгода, а тогаш настрадале двајца Индијанци кои со камионот удриле во автомобилот на семејството Морисон. Морисон често ја спомнувал оваа случка како ден кога душите на мртвите Индијанци влегле во него, додека семејството Морисон тврдело дека ваква несреќа никогаш не се случила. Оваа случка Џим подоцна ја искористил и во една своја песна.

фото Фејсбук

Семејството Морисон често се селело, па Џим менувал постојано училишта.Кога се запишал на колеџот Санкт Петерсбург, почнал да живее со баба му и дедото, а веќе во тоа време го читал Ниче, Плутарх, но и Рембо и другите француски симболисти, Бодлер, Кафка…и француските егзистенцијалисти.

Во 1964 се преселил во Лос Анѓелес за да студира филм на што се противеле неговите родители. Во текот на студиите снимил неколку кратки филмови. По дипломирањето некое време живеел на Венис Бич. Тие години ѝ донеле на цела генерација нови искуства, пред се базирани на користење психоделични дроги, со кои младиот Морисон се обидел да ги прошири своите хоризонти.

фото Фејсбук

Набрзо се запознал со Реј Манзарек, со кого основал група по книгата на Олдос Хаксли „Врата на перцепцијата”, нарекувајќи ја „Врата“ (The Doors). Звукот на оваа група, особено моќниот баритон на Џим Морисон, со неизбежните клавијатури на Манзарек и стиховите кои се занимавале со мистични теми, убиства, лудила, смрт, дрога и секс, брзо го привлекле вниманието на публиката.

profimedia

Првиот сингл „Light My Fire” во 1967 година, три недели останал на прво место на сите топ листи. Стилот на Морисон, тесните кожени панталони, шаманскиот танц на сцената, провокативните текстови – често на групата ѝ носеле неволи. На ова придонесувало и честото опивање на Морисон, дрогирање, согорување во желбата да биде единствен, да го види невидливото и почувствува непознатото. Во текот на концертот во Мајами во 1969, Морисон бил обвинет за непристојно однесување, а потоа и за јавно разголување бидејќи во тоа време имал обичај во текот на танцот на сцена и лудилото да се соблекува гол. Оваа случка довела до негативен публицитет и откажување на многу концерти, се до големото враќање со послениот албум „L.A. Woman” кој се појавил во 1970.

фото Фејсбук
фото Фејсбук

Џим Морисон важел за голем заводник и убавец на своето време, а жените го опседнувале. Тој пак од друга страна живеел со својата девојка Памела Карсон која ја запознал уште пред да стане славен. Иако нивната врска била бурна, прекинувана со кавги, Морисон ја сметал Памела за своја „вселенска сопруга“ со која останал до крајот на животот.

Џим и Памела, фото Фејсбук

Последните денови Џим Морисон ги поминал во Париз, напуштајќи ја групата Дорс во 1971. Сакал животот да го помине во пишување на поезија.

Умрел на 3  јули 1971 година, во купатилото, а мртов во кадата го нашла Памела. Иако биографите тврдеа дека починал од последица на дрога, официјално на Џим му откажало срцето. Погребан е на гробиштата Пер Лашез каде и денес се собираат неговите бројни обожаватели.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот