Веројатно нема ништо од влада ГЕРБ-СДС во Бугарија, коалицијата на Петков не прифаќа да учествува

Кирил Петков
Кирил Петков пред Народното собрание на Бугарија / 22 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ нема да го поддржи првиот мандат за формирање влада на ГЕРБ-СДС, со Марија Габриел како кандидатка за премиер.

Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми, било одлучено на денешните состаноци на Коалициониот совет на втората по големина политичка сила во Бугарија, прво меѓу петтемина лидери: Кирил Петков, Асен Василев, Христо Иванов, Атанас Атанасов и Владислав Панев, а потоа со пратеничката група.

Одлуката ја соопштија Петков и Иванов, кои најавија дека ќе работат за втор мандат.

„Нема да го поддржиме првиот мандат. Почнуваме да работиме за вториот мандат и тоа го гледаме како единствена алтернатива за Бугарија да не оди на шести избори“,рече Кирил Петков.

Христо Иванов рече дека ќе започнат консултации со сите политички сили во парламентот во врска со нивната подготвеност да поддржат конкретни измени во Уставот.

„Сметаме дека ситуацијата во последните неколку дена ја потврдува нашата долгорочна позиција дека бугарскиот политички и институционален систем не може да се нормализира без длабока амбициозна промена на Уставот, во однос на Високиот судски совет и на Обвинителството. Очигледно е дека сè друго дава краткотрајни сојузи и затоа треба да ги почнеме тие разговори за да видиме дали има политичка база за да се формира уставно мнозинство“,изјави Иванов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот