Вереникот на Џеј Ло ја исплука Кајли Џенер: Џабе што е богата, глупава е како цигла (ФОТО+ВИДЕО)

профимедиа

Вереникот на познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез, Алекс Родригез нема убави зборови за најмладата милијардерка.

На почетокот на годината светот официјално ја доби најмладата милијардерка на листата на Форбс – Кајли Џенер од кланот Кардашијан, а светот доби одлична прилика да ја исмева.

профимедиа

Сега тоа го направи и Алекс Родригез, поранешниот бејзбол играч и сегашниот вереник на Џенифер Лопез, кој во едно интервју раскажа како изгледала средбата со Кајли Џенер.

„На Мет гала имавме прилика да седиме на иста маса со Кајли Џенер, зборуваше за кармини, Инстаграм и за тоа колку е богата“, изјави Родригез за Спортс илустрејтед.

„Малечката е глупава како цигла“

профимедиа

Младата ријалити ѕвезда набрзо се огласи на Инстаграм и го демантираше во моментот најпознатиот вереник на светот – „Не, не е точно, зборувавме за „Игра на тронови“.

Кајли Џенер неодамна објави и видео како изгледа еден нејзин ден – погледнете…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот