Велкоски со „златни“ букви запишан во историјата на Сараево

ffm.mk

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски е првиот играч во историјата на ФК Сараево кој со овој клуб успеа трипати да биде шампион на Босна и Херцеговина.

Екипата на Сараево успеа да ја одбрани титулата од минатата сезона, откако и официјално поради пандемијата на коронавирус заврши најквалитетното босанско првенство.

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски е првиот играч во историјата на ФК Сараево кој со овој клуб успеа трипати да биде шампион на Босна и Херцеговина.

Играчите веднаш ја прославија титулата со своите навивачи, а беа и многу активни на социјалните мрежи. Помеѓу нив и нашиот напаѓач Велкоски кој испиша историја.

Освен тие трофеи, двапати се закити и со куп титулата на БиХ.

Во својата кариера има и двојна круна со Работнички во Македонија во сезоната 2007/08.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот