Велкоски и Сараево прогласени за шампиони во БиХ

twitter.com/MacedonianFoot

На тој начин клубот на нашиот репрезентативец ја одбрани титулата и петти пат по ред се шампиони во клупската историја.

Како што информираат босанските медиуми, Комисијата за натпреварување на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина денеска и дефинитивно прогласи крај на сезоната во најсилната лига поради пандемијата на коронавирус.

За шампион е прогласен фудбалскиот клуб на Сараево во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски. На тој начин клубот ја одбрани титулата и петти пат по ред се шампиони во клупската историја.

Велкоски веќе три години ги брани боите на Сараево, сезонава во босанскиот шампионат имаше два голови во 19 натпревари.

Оваа земја во Европа, освен Сараево ќе ја претставуваат уште Железничар, Зрињски Мостар и Борац Бања Лука, откако донесена е одлука да не се одигра и завршницата во Купот, во која дојдоа Железничар, Зрињски, ГОШК и Широки Бријег.

Оваа одлука на Комисијата за натпреварување треба да го потврди Извршниот одбор на босанската фудбалска федерација во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот