Велешката болница лани набави опрема вредна 130 илјади евра

Инфективна клиника /Фото: ЕPA

 Менаџерскиот тим на ЈЗУ Општа болница Велес со сопствени средства минатата година, во услови на пандемија, набави опрема вредна 130 илјади евра.

Набавени се апарат за анестезија  со монитор, за деца и возрасни, два апарата аспиратори за сукција, дефибрилатор, оптика за лапарoскопија, кардиолошки сонди, гастроскоп и колоноскоп, осум концентратори за кислород, седум пациент монитори, апарати за физикална терапија со ултразвук, интерферентни струи и дијадинамиски струи.

– Потврдивме дека со вистинска  организираност  и труд секогаш се постигнуваaт успеси. Покрај пандемијата, кога болницата ги стави сите свои ресурси во служба на превенција и лекување на заболените од Ковид-19, покажавме значајни резултати, изјави портпаролот на велешката болница, д-р Елеонора Јованова.

Додаде дека бенефитот и задоволството од новата опрема  ја чувствуваат вработените и пациентите.

 Со набавка на овие апарати значајно се подобри квалитетот  на здравствените услуги кои ги нуди нашата болница, истакна д-р Јованова

Најави дека во  претстојниот период продолжуваат  со инвестиции во ЈЗУ Општа болница Велес и во подобрување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓаните.

Покрај од поширокиот велешки регион, во кој се вклучени општините Велес,Градско и Чашка, во велешката болница се лекуваат и пациенти од градовите на Повардарието, како и од други градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот