Фото: Слободен печат

Велешанец сурово убиен кај Чашка – го намамиле во автомобил и му пукале во глава

Велешанецот Ѓело Ѓошев бил сурово убиен пред два дена кај местото Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Буслици. Двајца го намамиле во автомобил и му пукале во глава, откри истрагата на велешкото Обвинителството кое фати еден од убијците, а по другиот уште трага.

– Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала. Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката – соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител за уапсениот бара притвор. Инаку полицијата претходно соопшти дека во полициското одделение во Чашка било пријавено дека е пронајдено мртво тело на маж. Жртвата имала 58 години, а истражните органи уште не го соопштуваат мотивот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот