Велес: Во изминатово деноноќие без прекршување на полицискиот час

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

Во изминатите 24 часа во Велес немало прекршување на полицискиот час, ниту, пак, нови лица во изолација и самоизолација.

Како што информираат од СВР Велес, во Квадарци, Неготино и Велес решенија за изолација имаат 116 лица. Најмногу Велес – 110, шест во Неготино. Во самоизолација се 57 лица, од кои 40 во Велес, 10 во Кавадарци и седум во Неготино.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

Инаку во текот на изминатото деноноќие,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес се регистрирани шест лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час, и тоа, две во Кавадарци и четири во Неготино, во Велес немало прекршители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот