Ве мачи мускулно воспаление после тренинг? Еве што треба да направите

Сигурно ви е позната ситуацијата – сте претерале со тренингот на нозете, па како последица имате проблем со слегувањето по скали. Или, на тренинг сте направиле „масакр“ над стомачните, а следното утро едвај станувате од лежечка положба. Јасно е, имате воспаление на мускулите, и што сега?

Воспалението на мускулите, кое е акутна појава, е потполно природна работа. Кога ќе претерате со тренингот, тоа се појавува, а претставува дел од процесот на регенерација на мускулите. Може да трае од 48 до 72 часа после тренингот.

Во денешно време сведоци сме на прекумерно користење на аналгетици, луѓето некритично ги користат и за најмала ситница. Но, некритичната употреба на ваквите апчиња (ипубруфен, аспирин и сл.) делува контрапродуктивно што се однесува на хипертрофијата на мускулите. Што тогаш може да направиме за да го намалиме воспалението, а да ги избегнеме апчињата?

Една од стратегиите за брзо опоравување е ставање на ладни облоги на воспалените места.

На подолги патеки пак, можеме да ги решиме симптомите на воспалението вклучувајќи во исхраната одредени намирници.

Ананасот содржи ензим бромелин и го намалува отеченото место и болката во мускулите. Јаболките и црешите се корисни поради низата биофлавоноиди кои ги содржат, особено е корисен кверцетинот кој помага во закрепнување после тренингот.

Папајата е корисна поради ензимот папаин кој е по механизмот на делување сличен на бромелинот.

Орасите се корисни поради Омега -3, а листата на корисни намирници кои лекуваат и превенираат воспаление на мускулите ги вклучува и ѓумбирот, спанаќот и различни зачини, на пример куркума.

За да се намалат воспалителните процеси одлично е да се зема магнезиум, мелатонин, витамин Д3 и цинк.

Од физичките методи корисно е истегнувањето. Тоа ја поттикнува циркулацијата на крвта која е важна за опоравување.

Ако не го прескокнете следниот тренинг, бидете сигурни барем да го намалите интензитетот на вежбање и да ги избегнувате вежбите кои дополнително ќе ги иритираат  воспалените мускули да не се оддолжи временски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот